Заре Марковски е нов тренер на италијанска Естра Пистоја

252

Нашиот кошаркарски стратег Заре Марковски се враќа на тренерската клупа, откако денеска потпишал договор со италијанскиот прволигаш Естра Пистоја. Италијанскиот клуб го потврди договорот на Марковски, кој ќе го наследи досегашниот тренер на екипата, Томазо Дела Роса.

Некогашниот селектор на Македонија ќе го предводи тимот на Пистоја до крајот на сезоната. Тој има долгогодишно искуство во италијанската кошарка, откако дебитираше во 1991 година на клупата на Динамо Сасари. Во овој клуб Марковски работеше и за последен пат во 2018 година, а еве по подолга пауза, повторно и с евраќа на тренерската работа.

Пистоја во моментов e на 9. место во Лега А во Италија.

Претходно„Стаклениот“ Нејмар повторно се повреди, нова пауза од две недели
СледноЛШ: Ливерпул 100%, Ѓокерес го посрами Манчестер Сити, Милан ја продолжи кризата на Реал (ВИДЕО)