Македонија низ квалификациите за ЕП: Најубедливата победа изнесува 27 гола, најтешкиот пораз е 17 гола

2702

Македонската машка ракометна репрезентација утре стартува нов квалификациски циклус за пласман на едно Европско првенство. Кирил Лазаров и неговите момци пред себе имаат мисија да го изборат деветото учество на континенталните натпреварувања или осмо по ред.

ЕП 2026 година ќе се одржи во три земји: Данска, Норвешка и Шведска, а Македонија во квалификациите за противник ќе ги има селекциите на Словенија, Естонија и Литванија, двете најдобри репрезентации од секоја група ќе обезбедат билет за ова натпреварување.

Првиот меч „црвено-жолтите“ го играат утре, во СЦ „Борис Трајковски“ (20 часот) гостува Естонија, четири дена подоцна Литванија ќе ја пречека Македонија.

ЕХФ пред секој циклус вади интересни статистички бројки, како репрезентациите поминувале низ квалификациите како најголеми победи, порази и слично…

Најубедливата победа во битката за едно ЕП, Македонија ја има остварено на домашен терен против Белгија во 2005 година, „црвено-жолтите“ славеле со 44-17, додека пак најубедливиот пораз во историјата го имаме од Чешка на гости (33-16).

Најдолгата серија на победи е пет меча по ред, а такви Македонија има две. Првата е од 10.06.2001 година до 12.01.2003 година. Втората е од поново време, потично од 12.06.2019 година до 11.03.2021 година.

Седум меча без пораз е најдолгата серија на нашиот национален тим во квалификациите и таа траела седум натпревари (10.04.2019 – 11.03.2021).

Што се однесува до најдолгата серија на порази, таа била само три меча од во далечната 2007 година, сме имале три порази во низа. Додека во 2005 година на четири меча сме биле без победа.

Во понова историја Македонија има две победи во низа во квалификациите и истата е почната во април минатата година.

Најмногу голови Македонија има дадено против Беглија 44, додека најмногу голови примила во 2007 година од Србија.

ПретходноНеџипи е нов спортски директор на Шкупи
СледноСтефан Мелник од ШК Мулти Есенс до делба на шестото место на СП за слепи лица!