„Меси“ од Звезда најавува пред дуелот со Барселона: Ќе покажам дека сум подобар од Јамал

1144

Утре во Белград во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите се подготвува вистински спектакл. На Рајко Митиќ пристигнува големата Барселона која е во сериозен налет сезонава и која ќе биде огромен предизвик за домашната Црвена Звезда.
Како најава за самиот меч, на денешната прес конференција на домаќините се појави тинејџерската сензација Андрија Максимовиќ или популарниот „Меси“. Момчето кое има само 17. години веќе се етаблира како сериозен првотимец на Звезда, а дебитираше и за А репрезентацијата на Србија.

Во својата изјава Максимовиќ самоуверено изјави дека очекува топ дуел на кој ќе покаже дека е исто толкав потенцијал како и вундериндот на Барселона, Јамал, а можеби и подобар.

„Ова не ми е прв директен дуел со Јамал. Се сретнавме на У17 шампионатот на Европа. Секако дека немам треба напротив, многу сум мотивиран. Ќе покажам дека сум и подобар од Јамал“ – рече Максимовиќ „Меси“.

ПретходноСопствениците на Рома му дадоа доверба на Јуриќ
СледноИстрага во Шведска за наместен меч (ВИДЕО)