Ндерим Неџипи е нов спортски директор на тимот на Шкупи. Некогашниот репрезентатовец на Македонија, дете на Шкупи, се враќа на Чаир во многу специфичен момент за клубот, кога е во резултатска криза и кога на Шкупи му е потребна свежа крв што се вели.
Се работи за искусен спортски работник, кој на позицијата спортски директор е подогл период и истата ја има обавувано во Албанија, Косово, а последно и Турција.
Шкупи што се однесува до функционерите многу често ги менува, а тука секако стои и местото спортски директор па Неџипи што се вели седнува на „врело столче“.