И официјално и дефинитивно. Гоце Седлоски е нов шеф на струката на Вардар. Шампионскио тренер се враќа во таборот на „црвено – црните“, во клубот каде што пред неколку години освојуваше титули како директора потоа и како тренер.
Седлоски доаѓа на местото на Срѓан Захариевски со кого вчера, по поразот од Плеистер, беше прекината соработката.
Седлоски е стратегот од кого вардарци очекуваат многу, очекуваат подобри игри и секако подобри резултати.
Интересно, Седлоски, нашата фудбалска легенда, своето ново деби како тренер на Вардар ќе го има во сабота и тоа против Шкупи, некогашниот негов клуб.