Реал Мадрид пред натпреварот со Милан ќе им оддаде почит на жртвите во Валенсија

116

Реал Мадрид ќе им оддаде почит на жртвите од поплавите во регионот на Валенсија за време на натпреварот против Милан вечерва во Лигата на шампионите, пренесува „Марка“.

Знамето на регионот Валенсија ќе биде подигнато на трибините на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во спомен на сите загинати.

Покрај тоа, пред почетокот на мечот ќе се одржи традиционалното минута молчење, а играчите на Реал ќе носат црни ленти на дресовите. Се очекува играчите на Реал Мадрид и на Милан да излезат на теренот облечени во маица на шпански и италијански јазик со порака „Ние сме Валенсија“.
Реал Мадрид веќе донираше 1 милион евра за настраданите од ураганот ДАНА. Клубот викендов требаше да гостува во Валенсија , но поради елементарната непогода натпреварот беше одложен.
ПретходноКакво понижување: „Никогаш не бев против заминувањето на Мбапе“!
СледноМакедонија У15 со домашен пораз од Србија