Марк Касадо (21) кој оваа сезона игра во фантастична форма во дресот на Барселона е големата јануарска желба на Ливерпул, односно на менаџерот Арне Слот.
И покрај тоа што “Редси“ имаат фантастичен среден ред, а тимот досега игра во страшна форма, сепак Слот смета дека со Касадо неговиот тим ќе биде уште посилен.
Јасно е дека за евентуален трансфер на Островот се прашува и Барселона, и тоа како, ако се знае дека младиот играч за врска со каталонскиот гигант има договор до 2028 година.
Покрај Ливерпул, за Касадо не го кријат својот интерес и Манчестер Јунајтед и Њукасл.