Хет трик на Бранковски и евро гол на Грашески во триумфот над Естонија (ВИДЕО)

554

Македонската репрезентација до 17. години ги заврши активностите на квалификацискиот турнир во Исланд со победа. Предмалку, избраниците на селекторот Раде Каранфилоски во третиот дуел обезбедија победа и први бодови на овој турнир против соодветната селекција на Естонија. Конечните 2:4, се дело на Стефан Бранковски односно Александар Грашески.

Напаѓачот на словенечки Марибор, постигна хет трик во извонредната своја партија, додека пак Грашески маестрално од слободен удар со лева покажа зошто на грбот ја носи „десетката“ и е еден од најголемите талени на Македонскиот фудбал.

Овој убав триумф секако дека е „мелем за рана“ по високите порази од Исланд односно Шпанија во првите две кола.

Секако, овој турнир, и мечевите против силните противници се големо искуство за младите фудбалери кои се иднината на мак фудбалот во годините кои претстојат.

ПретходноМакедонија У15 со домашен пораз од Србија
СледноНовиот У21 „бран“ ќе одигра две пријателски средби со Косово