Аморим ќе донесе нов дефанзивец на „Олд Трафорд“

107

Централниот дефанзивец на Евертон, Џеред Брентвејт може да ја промени клупската средина во летниот преоден рок, бидејќи Манчестер Јунајтед сега го стави како една од првите трансфер цели за следната сезона.

Угледниот „Токспорт“ пишува дека „црвените ѓаволи“ имаат намера да се вратат на идејата да го ангажираат 22-годишниот Англичанец следното лето, за тоа што тој бил едно од имињата кои и новиот менаџер Аморим ги разговарал со спортскиот директор на Манчестер Јунајтед, Ден Ешворт.

Брентвејт оваа сезона за Евертон одигра само 186 минути на четири натпревари поради повреда.

ПретходноРаботнички убедливо поразен и во Сараево
Следно„Стаклениот“ Нејмар повторно се повреди, нова пауза од две недели