Гостински предизвици: МЗТ Скопје и Работнички во слична „каша“ во АБА2-лига!

57

МЗТ Скопје и Работнички денеска ќе одиграат гостински мечеви во рамките на 4. коло во АБА2-лига. И двата тима се во очајна состојба во второлигашката јадранска конкуренција.

Актуелниот македонски првак има два порази во низа во ова натпреварување и една победа. Во домашното првенство го има поразот од Чаир, и јасно е дека полека, но сигурно влегува во криза. Излезот од истата ќе ја бара против Хелиос на гостински терен (18 часот), тим од кого загуби на домашен терен со 70-72.

“Хелиос минатата недела во Скопје покажа дека е одличен тим, со голема ментална стабилност што беше клучно во финишот. Во Домжале доаѓаме решени да вратиме со иста мера, односно да го надополниме минусот од претходниот меч со што би се вратиле на планираната патека. Нема да биде лесно, но решени сме да сториме се за да дојдеме до целта. Ова е исклучително важен дуел за нас во кој сум убеден дека ќе покажеме дека располагаме со квалитетен состав, кадарен за високи дострели“, изјави младиот стратег Васко Атанасов, чиј тим е на третото место во својата група со четири бода, два помалку од лидерот Хелиос, еден помалку од Цедевита Јуниор. 

Работнички пак е гостин на Босна. Тим од кого пред повеќе од една недела беше убедливо поразен на домашен терен. „Црвено-белите“ немаат победа во ова натпреварување и се наоѓа на последното место на табелата зад босанскиот тим кој има пет бода, два повеќе од македонскиот претставник.

ПретходноСлот има голема јануарска желба, но се прашува и Барса!
СледноЦ. Звезда нека се спрема за голеада: Ова е списокот на играчи на Барса кои доаѓаат во Белград! Да те фати страв!