Прволигашкото 14.коло се игра в сабота!

146

Поради стартот на подготовките за мечевите во Лигата на Нации на нашата најдобра репрезентација, како што и беше планирано, натпреварите од 14.коло се играат в сабота (09.11.2024) наместо во неделниот термин, вообичаен за ПМФЛ.

Почетокот на мечевите во сабота е закажан за во 13 часот а се среќаваат Тиквеш – Беса, Струга ТЛ – Работнички, Шкендија – Брера, Силекс – Пелистер, Вардар – Шкупи и Гостивар – Воска Спорт.

Од друга страна натпреварите од 12.коло во ВМФЛ наместо во сабота ќе се играат во недела (10.11.2024) исто со почеток од 13 часот.

Двојките за ова коло се Вардар (Н) – Саса, Вардарски – Новаци, Осогово – Победа, Скопје – Башкими, Кожув – Охрид, Детонит – Беласица, Брегалница – Арсими, Борец – Македонија ЃП.

ПретходноСензационално: Родри и Енцо Фернандез во Реал, Чуамени се сели во Челзи, Мудрик на позајмица во Арсенал, Диого Коста во Баерн?!
СледноСлот има голема јануарска желба, но се прашува и Барса!