Сопствениците на Рома му дадоа доверба на Јуриќ

73

Иван Јуриќ ќе остане тренер на Рома. И покрај очајните игри и резултати последните недели, сепак, управата на клубот реши да му ја даде довербата на стратегот од Хрватска.

Рома игра неубедливо од почетокот на сезоната и по поразот од Верона се зборуваше за уште една тренерска смена. Дури имаше информации дека се преговарале со Масимилијано Алегри и Маурицио Сари како можни замени за хрватскиот стручњак. Со оваа позиција се поврзуваа и Роберто Манчини, Един Терзиќ, Френк Лампард и Пауло Соуса.

Рома има само една победа во последните пет првенствени натпревари и три порази бидејќи се наоѓа на незавидното 12.место.

ПретходноНовиот У21 „бран“ ќе одигра две пријателски средби со Косово
Следно„Меси“ од Звезда најавува пред дуелот со Барселона: Ќе покажам дека сум подобар од Јамал