Македонецот Гаштаров одигра речиси цел меч против Барса!

705

Денеска во пресрет на вечерашниот спектакл на “Маракана“ во Белград, каде Ц. Звезда ја дочекува Бареселона, меѓусебе во меч од Младинската лига на Шампионите, се сретнаа младите екипи на овие два клуба. Победија гостите со 1:2.

За нашата спортска јавност интересно е тоа што кај Ц. Звезда стартер беше нашиот Матеј Гаштаров, кој има 18 години, и беше во игра се до 83.минута. Инаку тој е младински репрезентативец на Македонија до 18 и 19 години и важи за еден од најголемите таленти во таборот на српскиот клуб, затоа е и стартер на овие мечеви во Младинската лига на Шампионите.

ПретходноТодороски сепак нема да може да игра за Македонија!
СледноНеверојатно: Динамо Загреб за три недели ќе игра со Дортмунд, а “Максимир“ веќе е распродаден!