НБА го суспендираше Ембид!

190

Џоел Ембиид е суспендиран на следните три натпревари поради инцидентот со новинарот. Кошаркарот на Филаделфија нападна на новинар, а НБА одлучи да не му прогледа низ прсти.

Сè се случувало во соблекувалната, каде што имало и новинар кој неодамна напишал текст кој не му се допаднал на родениот Камерунец.

„Следниот пат кога ќе пишувате за мојот мртов татко и мојот син, ќе видите што ќе ви направам и ќе живеам со последиците од она што ќе ви го направам“, се дел од заканите на Ембид кон новинарите пред физички да го нападне.

За да не дојде до поголем инцидент морал прво да интервенира портпаролот на Филаделфија.

Нападнатиот новинар неодамна пишуваше за тоа дека Ембид „не сака да игра“, што го налути до тој степен што сакаше физички да се пресмета со претставникот на медиумите.

Поради целата ситуација НБА го суспендираше центарот на Филаделфија.

ПретходноОбрадовиќ повторно полуде: Што ме гледаш глупав еден? (ВИДЕО)
СледноДодека Анчелоти се правдаше за поразот, пред стадионот настана гужва поради неговиот наслендик (ВИДЕО)