Познат е составот: Лазаров одбра за Естонија!

208

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва (20 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекува Естонија во првиот квалификациски меч за пласман на Европското првенство 2026 година.

Селекторот, Кирил Лазаров го одбра составот за денешната средба. На голманската позиција се Мартин Томовски и Марко Кизиќ, што значи дека младиот Иван Галевски својата шанса ќе ја чека на следниот меч против Литванија за четири дена на гостински терен.

Од поширокиот список од 20 ракометари ги нема Цветан Кузманоски, Михајло Младеновиќ и Давид Савревски кој беше дополнително повикан на местото на Томислав Јагуриновски.

За првпат во сениорскиот тим се најде Александар Петковски, кој е единствената опција на десната крилна позиција.

 

ПретходноРакометарите од местото каде што се најсилни ја стартуваат мисијата – ЕУРО 2026!
СледноНово име на списокот на Благоја Милевски!