Аморим: Беше пишано вака да се збогувам!

156

Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим го запиша последниот натпревар на чело на тимот пред да го преземе Манчестер Јунајтед. Тој на најдобар можен начин се раздели со навивачите на португалскиот клуб, го совлада Манчестер Сити со убедливи 4-1 во Лигата на шампионите. Според него, тој бил предодреден токму на овој начин да се прости од својот сегашен клуб.

“Не можеше да биде подобро од тоа. Среќата беше со нас, за разлика од другите натпревари. Првото полувреме беше доста тешко. Тешко ја задржавме топката и имаше многу нерви. По првиот гол и како доаѓаше паузата, работите почнаа да се подобруваат, се разбира, двата гола на почетокот на вториот дел помогнаа многу и го сменија текот на натпреварот, мислам дека вака требаше да се збогувам“,изјави Аморим.

ПретходноНа Гвардиола не му се допаднаа зборовите на Силва, па веднаш му одговори!
СледноШто се случува со Сити? На Пеп ова не му се случило шест години!