Анчелоти: Имаме потенцијал, но тоа не го покажуваме!

82

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, немаше причина да биде среќен по поразот од Милан со 3-1 во Лигата на шампионите. Ова е уште еден натпревар оваа сезона во кој неговиот тим покажа сериозно слабост, особено во одбраната. Искусниот стратег изјави дека нема стабилност во тимот и дека истата е премногу кревка.

„Не ја видов потребната реакција по поразот од Барселона и проблемите остануваат. Ни недостига цврстина во одбраната и често сме неурамнотежени во контра-нападите. Мораме да го поправиме тоа. Премногу сме кревки и тоа мора да се промени “, изјави Анчелоти.

Според него, неговиот тим има многу да се грижи по уште една слаба игра оваа сезона.

„Мораме да се грижиме бидејќи овој тим има многу потенцијал, но не го покажува тоа. Мораме да ги изградиме темелите кои моментално недостигаат. Кога не сте цврсти во одбраната, тоа може да го расипе секој натпревар. Понекогаш  успеаваме да се извлечеме од тешки ситуации, но тоа не оди така секој ден.

Вистина е дека моментално не сме доволно ефикасни во нападот и не ги користиме добро нашите шанси, но нашиот поголем проблем е одбраната. Тоа се основни работи во фудбалот и очигледно треба да промениме нешто за да се браниме подобро. , заврши Анчелоти.

ПретходноЛШ: Ливерпул 100%, Ѓокерес го посрами Манчестер Сити, Милан ја продолжи кризата на Реал (ВИДЕО)
СледноГвардиола по убедливиот пораз: Емотивно треба да бидеме постабилни!