Бадијашиле побарал да биде продаден во јануари

190

Францускиот дефанзивец од екипата на Челзи, Беноа Бадијашиле им најавил на првите луѓе на лондонскиот клуб дека сака да си оди во јануари.

Челзи го ангажираше Бадијашиле од Монако во јануари минатата година во трансфер вреден 35 милиони фунти. Клубот не сака да се раздели со дефанзивецот, кој има само еден натпревар во Премиер лигата оваа сезона. Според информација од редовите на „сините“, тој е многу добар со топка и значително напредувал за речиси две години со тимот.

„Секако дека сакам да играм. Челзи е огромен клуб. Знам колку е тешко да се етаблираш во овој тим и правам се што е во моја моќ за да го направам тоа, но…“, изјавил дефанзивецот.

ПретходноСекоја чест: Вака се сака и вака се навива за својот клуб! (ВИДЕО)
СледноПоследната Мото ГП трка место во Валенсија ќе се вози во Барселона