На Ал Хилал му се смачи да го чека опоравувањето на Нејмар, па Саудијците ја разгледуваат можноста предвреме да го раскинат договорот со бразилскиот напаѓач „Action Ma3 Waleed“, кој ги има правата за пренос на те од првенството на Саудиска Арабија.
Според информациите, клубот би можел да се раздели со играчот во јануари. 32-годишниот Бразилец веќе подолго време се опоравува од тешката повреда и само што се врати на терените, веќе на вториот меч заработи нова повреда.
Бразилскиот напаѓач минатото лето се пресели во Ал Хилал и за повеќе од една година има само седум настапи за тимот.