Лазаров: Победивме, но не очекував дека ќе биде толку тешко

201

По тешката победа над Естонија, селекторот на нашите ракометари, Кире Лазаров, истакна дека Естонците се покажаа како исклучително тврд орев, но денешниот меч ќе биде добра опомена за она што не чека на мечот со Литванија викендов.

„Сите сакаме победи, но тоа треба да се среди на терен, особено со менталитет како нашиот. Повикав на внимателност, но не очекував дека ќе биде толку тешко. Естонија покажа дека игра модерен ракомет, а ние можеме и мораме подобро. Покажавме еден нов стил на игра и ова ќе биде една добра опомена пред дуелот со Литванија. Ќе мора подобро да се подготвиме, иако и сега направивме добри анализи. Тежината на националниот дрес е голема, а ние мора да научиме да се носиме со тоа. Задоволен сум од победата и начинот на кој победивме. Естонија е шутерска екипа и тоа се потврди. Пресудно беше што подигнавме ниво на игра кон нивниот најдобар ракометар. Изнудивме некои шутеви со полуконтра и дојдовме до посакуваното. Мислам дека Литванија е поквалитетен ривал, барем за 30-40%, па затоа ќе ни треба добра подготовка за да одиме на победа“, вели Лазаров.

ПретходноМакедонските ракометари тргнаа победнички во битка за ЕП 2026 (ФОТО)
СледноПрвиот човек на европскиот бокс гостин во Скопје