ЛШ: Бриж ја запре победничката серија на Астон Вила, прва радост за Шахтјор

22

Бриж ја прекина победничката низа на Астон Вила и го остави Ливерпул единствен тим во Лигата на шампионите кој по 4. кола е со 100% учинок во најсилното европско натпреварување. Белгијците ја искористија домашната предност и со 1:0 му го нанесоа првиот пораз на англискиот премиерлигаш. Единствениот гол за победа беше дело на Ванакен, постигнат од белата точка во 52. минута.

Во вториот дуел од попладневната програма, Шахтјор во Гелзенкирхен успеа да ја оствари својата прва победа славејќи со 2:1 против екипата Јанг Бојс. Украинскиот состав до победата дојде со пресврт, откако Швајцарците први погодија преку Имери во 27. минута, по што Зубков во 31. минута израмни на 1:1, а одлуката за победа падна во 41. минута кога Судаков погоди за 2:1.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноПолувреме: Македонија – Естонија (20-20)
СледноПоради проблем со метрото, одложен почетокот на мечот Баерн – Бенфика