Македонските ракометари тргнаа победнички во битка за ЕП 2026 (ФОТО)

190

Македонската машка ракометна репрезентација со победа ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година. Избраниците на Кирил Лазаров на домашен терен ја совладаа Естонија со 37-33 (20-20). Нашите момци не блескаа цел меч како што се очекуваше, но најважно запишаа триумф.

Серафимов со десет гола беше прв стрелец, зад него беа Кузмановски и Митев со по седум погодоци.

Она што го предупреди Лазаров на стартот на подготовките се случи во втората половина од првото полувреме и во второто полувреме.

Македонија добро влезе во дуелот поведе со 4-1 со трите гола на Филип Кузмановски по само три минути игра, оваа позитива ја одржуваше до пред 15-та минута. На двапати поведовме со плус четири 12-8 и 13-9, а потоа целосно паднавме. Најголем проблем беше одбраната, Естонците покажа дека ако ги оставиш знаат да казнат и тоа го сторија. Трпеливо ги чекаа своите минути и ги дочекаа, со звкуот на сирената израмнија на 20-20 на одморот. Во овој период одбраната немаше поддршка и од голманите, Томовски и Кизиќ не запишаа ниту една одбрана.

Веднаш на стартот на првото полувреме поведоа со 20-21. Преку Серафимов израмнивме на 21-21, но и натаму не игравме според очекувањата. Естонија дури и успеа да направи атракција и по вторпат да поведе на оваа средба (22-23). На лошото издание немаше крај, во 41-та минута гостите поведоа со плус два (24-26). Лазаров повика тајм-аут, Серафимов и Џонов израмнија на 26-26, во меѓувреме и Кизиќ конечно се разбрани, па Македонија го врати водството со голот на Џонов 28-27 во 43 минута.

„Црвено-жолтите“ конечно фатија добри минути, добра одбрана, интервенција на Кизиќ, и три гола на Серафимов и еден на Кузмановски ја вратија Македонија на највисоките плус четири 32-28 во 49-та минута. И тука не застанаа, во 50-та минута беше плус пет (34-29), штета не искористија одбрана за Кизиќ за да го зголемат водството.

Од овој момент требаше да биде се полесно, но Естонците пристискаа, па во 55. минута намалија на 34-31. Македонија беше на три до четири гола позитива се до 58-та минута кога по наша грешка противникот успеа да доближи на 35-33. Ѓорѓиев постигна важен гол за 36-33 и најави дека ова ќе биде победа за Македонија.

Македонија во недела и гостува на Литванија во второто квалификациско коло за ЕП 2026.

ПретходноПоради проблем со метрото, одложен почетокот на мечот Баерн – Бенфика
СледноЛазаров: Победивме, но не очекував дека ќе биде толку тешко