По дебаклот синоќа од Милан во ЛШ, кога беше на „Сантијаго Бернабеу“, а знаејќи како минаа “кралевите“ на Ел Класико, веднаш се појавија шпекулациите дека Карло Анчелоти ќе добие отказ. Јасно е дека овој сегашен Реал не е ни налик на оној што треба да биде.
Денека имало средба меѓу Дон Карло и Дон Флорентино Перез, на која се водело дискусија околу тоа како тимот да почне да игра како што треба и да почне да победува.
Она што е најважно за Анчелоти е тоа што тој добил поддршка од првиот човек на клубот, барем според “Марка“, за да ги среди работите во тимот.
Во исто време добил и опомена со назнака дека не е вечен и дека ако пролжат ужасните игри резултати, тогаш се знае што следува.