И дефинитивно Реал Мадрид е во голема криза, и резултатска и играчка. “Кралевите“ не личат на себе. Тоа што синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ беа очајни и загубија од Милан со 1:3, иако можеше поразот да биде уште поубедлив.
Јасно е дека Дон Флонтино Перез и фановите се гневни, се бара Карло Анчелоти да си оди, а тој е искрен и вели дека Реал не е тој што треба да биде.
По мечот со Милан, барем според медиумите во Шпанија и тоа како било напнато и жешко во соблекувалната на Реал Мадрид.
Имено Лука Модриќ и Винисиус Жуниор урлале, им викале на своите соиграчи, едноставно ги “построиле“. Барале од нив да се замислата како тоа играат и како тоа се залагаат носејќи го белиот дрес на Реал.
Имало и зборови дека тие се Реал и дека набргу ќе се вратат во сиот свој сјај.