На Гвардиола не му се допаднаа зборовите на Силва, па веднаш му одговори!

2029

Како што стојат работите, моменталната ситуација во Манчестер Сити воопшто не е добра, особено по поразот (1-4) кој го доживеа синоќа од Спортинг во Лигата на шампионите.

Истиот значеше дека Манчестер Сити има три порази за прв пат од април 2018 година.

Минатата недела беа исфрлени од Лига купот од Тотенхем, а три дена подоцна беа поразени од Борнмаут во домашниот шампионат.

Сигурно е дека ова е тежок период за сите во Манчестер Сити и покрај сето тоа убедливо беа поразени на гостувањето кај Спортинг во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Манчестер Сити примија четири гола. По натпреварот доста интересна изјава даде Бернардо Силва.

„Разочарувачки за нас бидејќи во моментов сме во темнина. Се чини дека сè оди во погрешна насока. Дури и кога играме добро, не постигнуваме голови и ги примаме многу лесно. Мора многу брзо да се подобриме во спротивно ќе биде тешко да се вратиме од тие порази. Тешко е да се најдат причините зошто тоа ни се случува. Едноставно се е против нас во моментов. Ни треба да се вратат нашите повредени играчи, а против Спортинг не бевме добри“, изјави Бернардо Силва.

Сепак, Пеп Гвардиола беше многу попозитивен по натпреварот против Спортинг и не се договори со Силва.

„Не се согласувам со Бернард. Не сме во темнина. Игравме многу лошо против Борнмаут, но многу добро вечерва. Едно жалам за третиот и четвртиот гол вечерва. Казните беа тотално непотребни. Знаевме дека ни претстои тешка сезона и тоа е тоа. Ми се допаѓа, го сакам и сакам да се соочам со тоа и да ги подигнам моите играчи. Животот е таков. Продолжуваме“, рече Пеп. 

ПретходноМилевски: Да останеме први и по овие дуели е примарна цел
СледноАморим: Беше пишано вака да се збогувам!