Неверојатно: Динамо Загреб за три недели ќе игра со Дортмунд, а “Максимир“ веќе е распродаден!

504

По победата над Слован Братислава со 1:4, Динамо Загреб за кого играат и нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми е пред сензационален успех. Имено во следните четири кола ќе бидат потребни само уште 3-4 бода за да се дојде до елиминациската фаза во ЛШ.

И по ова владее невидена еуфорија во Хрватска, посебно меѓу фановите на “модрите“, па така по се ова денеска се огласи и клубот од Загреб преку своите социјални мрежи.

Имено за мечот со Дортмунд од 5.коло во ЛШ, кој се игра за три недели на 27 ноември, билетите се веќе распродадени.

Уште еден доказ дека ништо не успева така добро во фудбалот како успехот.

ПретходноМакедонецот Гаштаров одигра речиси цел меч против Барса!
Следно“Марка“: Карлето доби поддршка, но и опомена од Дон Флорентино!