Нов проблем за Анчелоти: Реал еден месец без Чуамени

235

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Чуамени се повреди на натпреварот од 4. коло од Лигата на шампионите против Милан (1:3) и сега го очекува подолга пауза. Според клупски извори, 24-годишниот Французин има истегнување на лигаментите на левиот скочен зглоб. Според новинарот Аранча Родригез, фудбалерот ќе остане надвор од тренинг процес околу еден месец.

Чуамени оваа сезона одигра 15 натпревари за Реал Мадрид, но во последно време неговата форма предизвика револт кај навивачите на „кралскиот клуб“.

ПретходноКапитенската лента за Филип Кузмановски
СледноПолувреме: Македонија – Естонија (20-20)