Полувреме: Македонија – Естонија (20-20)

153

Македонската машка ракометна репрезентација по првото полувреме против Естонија има 20-20, нешто што никој не го очекуваше. Ова е прв меч во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.

Кузмановски има шест гола, по три Митев и Серафимов.

Нашите ракометари беа нешто подобри до средината на првото полувреме, а потоа влегоа во блед ритам, особено во одбраната во која целосно потфрлија, на другата страна противникот казни и успеа да се закани сериозно.

Избраниците на Кирил Лазаров мечот го отворија со 4-1 по само три минути игра. Три гола беа дело на капитенот Филип Кузмановски кој ги реализираше сите од седум метри. Првите деби минути во националниот дрес ги запиша Александар Петковски, кој во деветата минути го постигна и првиот гол за 7-4.

Естонците не им дозволуваа на нашите ракометари брзо да фатат залет и да дојдат до поголема позитива, па предноста се движеше од два до три гола, нашата одбрана не беше најдобра. На средината на првото полувреме, Лазаров направи измена на голманската позиција, влезе Томовски на местото на Кизиќ.

Со голот на Серафимов, Македонија поведе со 12-8 во 15-тата минута, а потоа и со 13-9. Одбраната и натаму беше нашиот најголем проблем и причина поради која не изгледавме доминантно со оглед на тоа што бевме големи фаворити. По последните плус три 16-13, Естонците се заканија посериозно, прво беа на еден гол негатива 16-15, 17-16 и 18-17. Лошата игра во одбраната продолжи, па гостите израмнија на 19-19 во 28-та минута, по што Лазаров повика тајм-аут. Митев реализираше за 20-19, но Естонците со истекот на времето израмнија на 20-20.

По првото полувреме нашите голмани се несвојствено тивки, немаат ниту една одбрана.

ПретходноНов проблем за Анчелоти: Реал еден месец без Чуамени
СледноЛШ: Бриж ја запре победничката серија на Астон Вила, прва радост за Шахтјор