Самараџиев: Физички бевме инфериорни! Одиме понатаму, нашиот главен фокус е домашното првенство!

42

Ниту Работнички не успеа да приреди чудо во АБА2-лига. „Црвено-белите“ го запишаа четвртиот пораз, откако на гостувањето кај Босна беа поразени со убедливи 84-58. Разликата во квалитетот на теренот беше видлива, противникот максимално го искористи тоа, дуелот го реши во втората четвртина во која Работнички постигна само пет поени.

“Би сакал да му се заблагодарам на домаќинот за убавиот пречек. Беше совршено, и од организаторите и од публиката. Беше навистина убаво да се игра овде, после толку години. Јас сум помлад, но Работнички после 25 години за прв пат игра овде.  Му посакувам многу среќа на тимот на Босна, кој е еден од претендентите за влез во АБА 1. Имаме млада екипа, која не е искусна и е физички инфериорна во однос на Босна. Ние одиме понатаму, нашиот главен фокус е домашното првенство“, изјави Горан Самарџиев.

ПретходноЛШ: Спектакл на “Маракана“ – гостува СТРАШНАТА Барса, Интер го дочекува Арсенал, ПСЖ против Атлетико Мадрид! (ФОТО)
СледноУ-21: Канатларовски го објави списокот за двете контроли со Косово!