Тодороски сепак нема да може да игра за Македонија!

4619

Стандардниот првотимец на Спартак од Суботица, Андреј Тодороски сепак, нема да може да настапува за Македонската фудбалска репрезентација. И покрај обостраната желба, негова, а и на ФФМ односно на селекторот Благоја МИлевски да го повика за нашата селекција, сепак се испречи административен проблем.

Фактот што Тодороски поседува пасош на Австрија каде што мина најголем дел од животот и каде што фудбалски израсна, е што таа држава не дозволува двојно државјанство. Односно, за да Тодороски добие пасош на Македонија, треба да се откаже од австриското државјанство. И покрај напорите оваа бариера да се премине, сепак, тоа не е можно.

Своевремено и Германија го имаше овој пропис, па да речеме еден Ока Николов затоа никогаш и не бранеше за репрезентацијата на Македонија, но оваа држава сега тоа го промени, па нејзините државјани сега имаат прави и на двојно државјанство.

ПретходноУште еден доказ зошто не ја доби “Златната топка“: Како не му е срам? (ВИДЕО)
СледноМакедонецот Гаштаров одигра речиси цел меч против Барса!