Што се случува со Сити? На Пеп ова не му се случило шест години!

122

Манчестер Сити доживеа вистински дебакл во Лисабон, бидејќи Спортинг победи со убедливи 4:1.

По поразите од Тотенхем и Борнмаут, ова е трет во низа за тимот на Пеп, што не им се случило од пролетта 2018 година. Сепак, ова е прв пат Сити да биде поразен во три различни натпреварувања и да испадне од Лига Купот.

Претходниот пат, Сити загуби три меча по ред во април 2018 година, кога беа поразени во два меча од Ливерпул во Лигата на шампионите (3:0, 1:2), а помеѓу во првенственото дерби од Манчестер Јунајтед (2:3).

Во таа сезона 2017/18, Сити ја освои Премиер-лигата и Лига купот, што во тоа време беше окарактеризирана како успешна сезона.

Меѓутоа, сега ситуацијата е поинаква. Сити не навикна на победи и трофеи, а резултатски и играчки сега е далеку од посакуваното ниво. Ливерпул делува како поконкретен кандидат во борбата за титулата во Премиер-лигата, додека Сити не ни изгледа како најдобриот тим во Европа. Воедно, поразот од Лисабон е прв во кој Сити прими дури четири гола од октомври 2016 година, кога и Барселона постигна „покер“, со што го израмни негативниот рекорд од доаѓањето на Пеп.

Интересно, Сити никогаш не загубил четири натпревари во низа под водство на Пеп, а следниот викенд гостува кај непријатниот Брајтон, па тоа е дополнителен притисок врз „граѓаните“.

Очигледно е дека тимот не е ист без Родриго и дека ќе мора да најде решение бидејќи Шпанецот ќе го нема до крајот на оваа сезона.

ПретходноАморим: Беше пишано вака да се збогувам!
СледноГрчевски го објави списокот за ЕП 2024!