Гвардиола по убедливиот пораз: Емотивно треба да бидеме постабилни!

54

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги критикуваше своите играчи по поразот со 1:4 од Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите. Тој изјави дека не биле доволно емотивно стабилни на овој натпревар и тоа е една од причините за тешкиот пораз.

“Нема што многу да се каже кога губиме 1-4. Честитки за Спортинг кој одигра одличен натпревар. Одигравме силно прво полувреме, но имавме проблеми да постигнуваме голови. Создадовме шанси, но примивме гол од никаде. Првото полувреме беше добро, дадовме гол. Моравме да го спречиме третиот и четвртиот гол. Не бевме доволно емотивно стабилни и тоа е важно на овој турнир. На 2:1 може да се случат многу работи, па затоа треба да бидеме емотивно постабилни. Спортинг одигра многу добар натпревар. Ги искористија моментите, беа брзи и постигнаа гол“, рече Гвардиола.

Потоа беше прашан дали проблемот се ротациите што ги правеше во одбраната?

„Можеби, не знам. Кога играте толку многу натпревари, не можете секој пат да играте исти единаесет. Имавме сличен проблем од почетокот на сезоната, но таква е ситуацијата. Ние сме во тежок резултатски момент, но јас сакам да се бориме и да не се предадеме. , додаде Шпанецот.

ПретходноАнчелоти: Имаме потенцијал, но тоа не го покажуваме!
СледноОбрадовиќ повторно полуде: Што ме гледаш глупав еден? (ВИДЕО)