Со седум постигнати голови, Марко Митев беше еден од најдобрите стрелци во нашата репрезентација во победата над Естонија во Скопје. По мечот нашиот бек имаше свое видување на мечот.
„Одигравме еден квалитетен меч со многу погодоци. Да се заблагодарам на публиката која дојде да не поддржи. Естонија е квалитетна репрезентација и веројатно ќе им направи проблем и на фаворитите во групата, Словенија. Се надевам дека во Литванија ќе одиграме многу подобра партија, особено во одбраната и секако одиме на победа. Клучни беа тие две три интервенции на Кизиќ. Тогаш и одбраната беше многу поцврста. Направивме разлика и беа тешко да се вратат“, вели Митев.