Ал Аин се раздели со аргентинскиот тренер Хернан Креспо по серијата лоши резултати, објави бранителот на титулата во Азија.
Клубот оваа информација ја објави на социјалната мрежа Х.
„Одборот му се заблагодарува на стручниот штаб за нивниот професионализам и напорите со тимот откако го презедоа и придонесоа за успехот, но неодамнешните резултати не ги оправдаа очекувањата и им посакуваме успех во нивните кариери“, се вели во соопштението.
Одлуката доаѓа еден ден по поразот на тимот со 5-1 од Ал-Наср во азиската Лига на шампиони и поразот со 3-0 од египетскиот Ал-Ахли во Интерконтиненталниот куп на ФИФА кон крајот на минатиот месец.
Ал Аин освои само еден бод од четири натпревари во елитната азиска Лига на шампиони.