Вардар, ФФМ и МВР одржаа состанок пред градското дерби против Шкупи

267

Стандардната процедура пред секој дерби меч, од ПМФЛ шампионатот, е да се одржи работен состанок на кој домаќинот, организаторот на мечот, ФФМ, како и Министерството за Внатрешни Работи ќе ги договорат сите детали околку организацијата на натпреварот.

Таков е случајот и со мечот од 14. коло помеѓу екипите на Вардар и Шкупи кој што ќе се одигра на Арената Тодор Проески во Скопје в сабота од 13 00 часот. Па така, предмалку домаќинот, ФК Вардар ги објави сите детали околу организацијата како на пример, дека отворени за навивачи ќе бидат јужната односно западната трибина, и дека билети за мечот ќе се продаваат исклучиво на тој влез од стадионот.

Соопштените на ФК Вардар ви го пренесуваме во целост.

По одржаниот состанок со претставниците на МВР и ФФМ, а во врска со натпреварот против екипата на Шкупи, кој ќе се одигра во сабота од 13:00ч. на Арената ,,Тодор Проески”, донесени се следните одлуки:
Билети ќе се продаваат исклучиво пред југозападниот влез на стадионот, кој воедно ќе биде и единствено отворен за посетители.
Цената на билетите изнесува:
100 денари со членска карта
200 денари без членска карта
 Посетителите натпреварот ќе може да го проследат од јужната, односно западната трибина на стадионот.
Внесување на тврди предмети(запалки, лименки, шишиња, монети, пиротехнички средства, алкохол, оружје итн.) ќе биде строго забрането.
Во под трибинскиот простор на јужната, односно западната трибина, ќе бидат поставени штандови за продажба на пијалоци, кои ќе работат во текот на целиот натпревар.
Ги молиме сите посетители да се придржуваат до наведените правила!
На Градски – за Вардар

 

ПретходноФИФПРО Европа и УЕФА потпишаа важен документ, гласот на играчите ќе се слуша многу повеќе
СледноСудии за ПМФЛ: Стојчевски ќе им суди на Вардар и Шкупи, Пројковска “главна“ под Шара, Пилешков во Струга!