Летонија со само едно ново име доаѓа на мечот со Македонија во Скопје

160

Фудбалската репрезентација на Летонија денеска го објави списокот на фудбалери со кои треба да допатува во Скопје на мечот со Македонија во претпоследното коло во циклусот од Лигата на нации. Летонците на 14 ноември ќе ни гостуваат во Скопје, а селекторот Паоло Николато повика 25 фудбалери за последните два меча кои Летонците ќе ги одиграат овој ноември. Во споредба со октомврискиот собир, на списокот на Николато има само едно ново име – Оскарс Виентиес од екипата на ФК „Мета“.

ПретходноМората хоспитализиран по судирот на тренинг
СледноСловенците не дозволија изненадување, лесна победа над Литванија