ЛЕ: Прва радост за Манчестер Ј., Лацио во фото-финиш до четврта победа

59

По три нерешени средби, конечно, по заминувањето на Ерик Тен Хаг, екипата на Манчестер Ј. вечерва ја оствари првата победа во Лигата на Европа. На „Олд Трафорд“ тимот предводен од Руд Ван Нистелрој со 2:0 славеше против екипата на ПАОК и успеа конечно да се израдува на првиот триумф во ова натпреварување. Головите за победа на „ѓаволите“ ги постигна младиот Амад Диало.

Со голот на Педро во последните моменти, Лацио го совлада Порто со 2:1 и остана единствениот тим во ова натпреварување со 100% учинок по четири одиграни средби. „Лацијалите“ се први на табелата со максимални 12 бода. Андерлехт можеше да им се придружи, но дозволи да прими гол во 96. минута на гостувањето во Рига во меч со РФС кој заврши 1:1.

Ајакс го прегази тимот на Макаби ТА со 5:0 и со 10 бода се проби во групата екипи кои го делат 2. место.

ЛИГА НА ЕВРОПА – 4 КОЛО

АЗ Алкмар – Фенербахче 3:1

Ајакс – Макаби Тел Авив 5:0

Динамо Киев – Ференцварош 0:4

Лацио – Порто 2:1

Манчестер Јунајтед – ПАОК 2:0

В. Плзен – Реал Сосиедад 2:1

РФС – Андерлехт 1:1

Хофенхајм – Лион 2:2

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноПерез разговарал со Чаби Алонсо, има план и за евентуален отказ на Анчелоти
СледноКЛ: Чурлинов и Јагиелонија редат победи, Челзи им даде 8 гола на Ерменците