Луис Енрике загуби 44% од натпреварите на ПСЖ во Лигата на шампионите

51

Навивачите на Пари Сен Жермен не се воодушевени од резултатите на тимот во Лигата на шампионите под водство на Луис Енрике. Парижаните во средата вечерта загубија со 2-1 на домашен терен од Атлетико Мадрид со гол во последните секунди. Статистиката покажува дека под водство на Шпанецот, ПСЖ загубил 44% од натпреварите на турнирот.

Енрике го презеде францускиот гигант во летото 2023 година и досега беше на клупата на 16 натпревари во Лигата на шампионите. Тимот загуби седум од нив – споменатите 0:1 против Атлетико, Арсенал (0:2), Борусија (Д) (0:1 и 0:1), Барселона (2:3), Милан (1:2) и Њукасл (1:4).

Воедно имаше шест победи и три нерешени.

Договорот на шпанскиот стручњак со Пари Сен Жермен е до крајот на сезоната.

ПретходноСрбија го испрати Абутовиќ во репрезентативна пензија!
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: М.Б. од Дебар го освои СУПЕР МИЛИОНЕРОТ вреден 7.547.083