Вечерва во рамките од групната фаза од Конференциската лига на ТСЦ Арена играат томаќинот ТСЦ Бачка Топола и швајцарскиот тим на Лугано. Гостите секако пристигнаа во Војводина уште вчера, а она што е за огромна почит, е потегот на клубот со кој се оддаде почит на настраданите во несреќата во Нови Сад. Како што е познато, десетина загинати има во рушењето на дел од автобуската станица во Нови Сад, и во Србија во моментов владее траорна атмосфера, а има и масовни протести.
Швајцарците како сериозен клуб, и претставници на држава која има традиција со столетија, направија потег на место и положија свежо цвеќе пред самиот објект.