Футсал репрезентацијата на Македонија подобра од Црна Гора со 2:1 на првиот контролен дуел во Скопје

63

Македонската футсал репрезентација со 2:1 славеше над селекцијата на Црна Гора во рамките на првиот контролен меч одигран помеѓу овие две селекции во малата сала во „Јане Сандански“.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. По првиот дел мрежите мируваа, и двете репрезентации пропуштија солидни прилики за постигнување погодок.

Во продолжението, нашите фудбалери во 25. минута го отворија резултатот, а две минути подоцна резултатот беше зголемен, благодарение на автоголот на противникот.

Црна Гора до крајот на контролната пресметка успеа да го намали резултатот и да ги постави конечните 2:1.

Вториот контролен натпревар овие две репрезентации ќе го одиграат денеска, на исто место со почеток во 16. часот.

ПретходноКметовска: Не сме без шанси, напротив ќе дадеме се од себе за прва победа!
СледноИграч на Баерн ќе ги „скара“ Германија и Австрија