Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп повика 23 фудбалери за претстојните два меча во Лигата на нации, но на списокот повторно не се најде ѕвездата на Реал (М), Килијан Мбапе.
Исто така, на списокот ги нема и Ферлан Менди и Орелиен Чуамени, уште двајца играчи на шпанскиит гигант.
Во списокот на репрезентативци на кои ќе смета Дешамп за дуелите со Израел и Италија се најдоа:
Голмани: Мајк Мањан, Брајс Самба, Лука Шевалие.
Дефанзивци: Вилијам Салиба, Ибрахима Конате, Дајо Упамекано, Жил Кунде, Тео Ернандез, Весли Фофана, Џонатан Клаус, Лукас Диње
Среден ред: Н’Голо Канте, Ворен Заир-Емери, Ману Коне, Едуардо Камавинга, Матео Гундузи, Адриен Рабио
Напаѓачи: Рандал Коло Муани, Маркус Турам, Мајкл Олисе, Усман Дембеле, Бредли Баркола, Кристофер Нкунку.