Евролига со жестока казна – Ц.Звезда ќе мора да искешира 74.500 евра

150

Евролигата реши да ја казни Црвена звезда по седум точки по мечот со Жалгирис кој го загуби во Литванија со 86:84.

Веднаш по натпреварот излезе новиот претседател на клубот Жељко Дрчелиќ кој жестоко ги критикуваше судиите и судиските критериуми, велејќи дека се работи за „кражба“, а „црвено-белите“ ќе треба да платат колку 74.500 евра по седум бода.

Казнети се Калниќ и Недовиќ за коментари на судиите со по 5.000 евра. Црвена Звезда како клуб, потоа и Дрчелиќ се казнети со 10.000 евра за истата точка. Митровиќ за непочитување на судиите за време на мечот со 7.000 евра, Недовиќ доби дополнителни 5.000 евра за непочитување на делителите на правдата за време на натпреварот и на крајот последната точка се однесува на навивачите на Црвена звезда, за ова клубот е казнет со 32.500 евра.

ПретходноЛШ: Ристовски и Адеми со Динамо пред Баерн, Реал, Милан, ПСЖ! Само Ливерпул е максимален! (ФОТО)
СледноСрбија го испрати Абутовиќ во репрезентативна пензија!