В.Д. селекторот на репрезентацијата на Англија, Ли Карсли го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за претстојните мечеви на „Гордиот Албион“ во рамките од Лигата на Нациите против Грција односно Ирска. Ова е последен термин на кој Карсли ја врши оваа функција, затоа што од 1 јануари, истата ја презема Томас Тухел.
Направени се неколку измени во составот пред се поради повреди. Па така, го нема Џон Стоунс, а на негово место е повикан бекот на Њукасл, Луис Хол. Членот на Саутемптон Тејлор ХАрвуд Белис исто така е тука, а како замена за Коби Меино пристигнува Куртис Џонс. Ник Поуп, голманот на Њукасл откажа, додека на негово место е повикан Арон Рамстејл од Саутемптон.
Иако се очекуваше повик да добие Морган Роџерс од Астон Вила, кој игра одлично периодов, сепак тој ќе биде повторно дел од У21 тимот. Дури седум напаѓачи се повикани од вкупно 26 репрезентативци.