КЛ: Легија и Рапид со 100% ефект и по третото коло

19

Уште една импресивна партија на полска Легија во рамките на 3. рунда од натпреварите во Конференциската лига на УЕФА. На домашен терен, Легија славеше со 4:0 против екипата на Динамо Минск и остана со максимален учинок во досегашниот дел од ова европско натпреварување.

По нивни стапки чекори и австриски Рапид, кој на гостувањето кај Петрокуб вечерва славеше со убедливи 3:0. Вредна победа остварија и Ирците, екипата на Шемрок Роверс, кои на домашен терен го совладаа велшки ТНС со 2:1 и со втората победа стигнаа до 7 бода и пласман на третото место на табелата.

ПретходноЛЕ: Галата го „среди“ Тотенхем, Атлетик (Б) со пресврт славеше во Бугарија
СледноЦ. Звезда лесно до победа против Алба