Кузмановски: Оваа екипа на Македонија ветува многу!

70

Промената на генерација во најдобриот ракометен национален тим и натаму може да се почувствува. На новите момци им треба време да се навикнат едни на други, а истовремено Кирил Лазаров да направи совршен производ и тимот да игра и убаво за око.

Македонија вчера ја исполни целта – тргна победнички во квалификациите за пласман на ЕП 2026 година, откако на домашен терен беше подобра од Естонија. Во дел од мечот „црвено-жолтите“ не беа на своето ниво, да речеме од она против Ф.Острови, но најважно кога требаше најмногу, притиснаа и ги запишаа бодовите.

Своја анализа даде и капитенот, Филип Кузмановски. Верува дека овој состав ветува многу треба време да се комплетира составот и секако да се влезе во ритам.

„Одиме чекор по чекор. Само победната ни е битна. Не разговараме и не размислуваме околу разликата, битно е само да победиме. Ни треба малку повеќе време да се средиме, да се санираат повреди за тоа што нѐ чека набрзо, а тоа е големо првенство и дуели со големи екипи. Во првото полувреме добро фукнциониравме во нападот, проблемот беше со одбраната. Не им помогнавме на голманите, за и тие да ни помогнат и да ја направиме разлика за да можеме да го доиграме натпреварот без притисок. Во вториот дел, покажавме карактер, одигравме како што треба да игра и изгледа Македонија. Поборбено, со повеќе вложени сили, со помош од голманот. Сите сме млади, спремни да трчаме и оваа екипа на Македонија ветува многу, изјави Филип Кузмановски.ж

Македонија во недела го игра вториот меч во квалификациите, и гостува на Литванија.

ПретходноРеакција на Пелистер: Зошто комесарот се прави слеп на фактот дека Едина Муса удри навивачка која седеше со своето дете?
СледноМаркос Љоренте отпатува за Валенсија да помогне на настраданите