Галатасарај, Ајнтрахт (Ф) и Атлетик (Б) остварија трета победа во 4. коло од Лигата на Европа и го запоседнаа врвот во второто по ранг европско натпреварување. Вечерва, галатасарај во исклучително возбудливото дерби со англиски Тотенхем славеше во Истанбул со 3:2, додека Ајнтрахт (Ф) на домашен терен минимално со 1:0 го совлада тимот на Славија Прага. Тешка победа на гости остварија фудбалерите на Атлетик (Б), кои со пресврт и 1:2 славеа на гостувањето кај Лудогорец.
Рома малку недостасуваше да слави на гостувањето кај Унион Ст: Жилоа во Белгија, но по водството од 0:1 со голот на Мансини, дозволи домашните брзо да се вратат за израмнување на 1:1. Ница се намачи на домашен терен за да освои барем бод против холандски Твенте. Гостите водеа со 0:2, а Ница и со играч помалку до крајот дојде до реми – 2:2.
ЛИГА НА ЕВРОПА – 4 КОЛО
Ајнтрахт (Ф) – Славија Прага 1:0
Бодо/Глимт – Карабах 1:2
Галатасарај – Тотенхем 3:2
Елфсборг – Брага 1:1
Лудогорец – Атлетик (Б) 1:2
Ница – Твенте 2:2
Олимпијакос – Ренџерс 1:1
Унион Ст. Жилоа – Рома 1:1
ФЦСБ – Митјиланд 2:0