Нашиот Нено Димитријевиќ вечерва во Евролигата ја покажа сета своја раскош и го поведе тимот на Армани Милано до втората последователна победа во најсилното европско клупско натпреварување. Маестралниот Димитријевиќ нанижа 22 поени и беше најефикасен во италијанскиот тим, кој вечерва на домашен терен го „преслуша“ Реал Мадрид со 85:76.
Димитријевиќ одигра нешто повеќе од 25 минути за својата екипа и имаше просек од 4/6 за два поени, 4/9 за три поени, 2/2 од линијата за слободни фрлања, зачинети со еден скок и една асистенција.
За Армани Милано ова беше трета сезонска победа, со која практично се израмни со Реал (М), кој по осум кола има скор 3-5.