Николов, Херера и Шишковски поразени на Исланд

34

Денешната програма во Конференциската лига ја отвори дуелот помеѓу тимот на Викингур од Исланд и Борац Бања Лука. Домаќинот среде Исланд обезбеди победа од 2:0 во меч во кој реално доминираше и во дуел кој секако се играше на вештачка подлога.

За гостите во стартниот тим беа нашите Бобан Николов односно Себастиан Херера, додека пак Дамјан Шишковски го проследи мечот од клупата за резеври.

Викингур одлично се снаоѓа на условите под кои ги игра мечевите, ниска температура, силен ветар и нормално вештачка подлога, и ова не е прв триумф сезонава на интернационална сцена на овој клуб.
Од друга страна пак, Борац по историската победа на Кипар против тимот на Апоел овојпат немаше сила за нов подвиг.

 

 

Викингур

ПретходноПотег за почит: Лугано положи цвеќе за настраданите во Нови Сад
СледноЖенската репрезентација на Македонија против Летонија и Косово во Лигата на нации