Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е блиску до договор да го преземе Реал Мадрид. Веста ја објавија неколку медиуми.
Според информациите, претседателот на „кралскиот“ клуб Флорентино Перез веќе неколку месеци комуницира со шпанскиот стручњак, а сега Алонсо е максимално блиску до договор да го преземе тимот на крајот на оваа сезона. Доколку актуелниот тренер на Реал, Карло Анчелоти добие отказ во текот на актуелната сезона, Перез е подготвен да го назначи тренерот на вториот тим на Реал (М), Раул како в.д. тренер до крајот на сезоната.