Илија Абутовиќ одлучи да стави крај на репрезентативната кариера во дресот на Србија. Искусниот ракометар на Пелистер се прости од националниот тим откако одигра 55 натпревари и постигна 22 гола.
По тој повод, РСС организираше свеченост, при што генералниот секретар на федерацијата Иван Миливојевиќ му врачи дрес со бројот 11 на столбот на одбраната на репрезентацијата на Србија.
Нашиот северен сосед вчера на домашен терен со убедлива победа над Летонија од 38-25 ги започна квалификациите за ЕП 2026 година.